Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Битиќи: Дури и критичарите на власта кажаа дека Северна Македонија е една од ретките земји во регионот со реално зголемување на платите

„Ветивме просечна плата од 30 илјади денари, а денес таа е 40 илајди. Тоа е 33 отсто повеќе од тоа што сме ветиле. Дури и еден експерт, кој е доста критичен, кажа дека Северна Македонија е една од единствените земји на Западен Балкан што има реално зголемување на платата“ рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во „360 степени“ на МТВ.

Тој објасни дека реалниот раст на платата е кога од номиналното покачување ќе се одземе нивото на инфлација и дека во Северна Македонија покачувањето на платите е повисоко од стапките на инфлација.

„Економскиот сегмент на програмата ќе биде исклучително интересен загледање околу подовбрување на животниот стандард на граѓаните. Претседателот веќе обзнани дека зборуваме за минимална плата од 600 евра до крај на мандатот, а просечната плата да биде над 1000 евра“ рече Битиќи.

Вицепремиерот додаде дека ваквиот раст на платите нема да се должи на инфлацијата, која ќе биде намалена во следните години.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК

Левица: Македонија не смее да биде пасивен набљудувач за сопствената иднина – Муцунски и Мицкоски да се огласат по редлогот на Мерц

ДЕСК

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија поради неговите антимакедонски ставови

ДЕСК