Centar.mk
фото Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Приведен грузиец поради нудење поткуп

Вчера, во 15.55 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Р.Ш.(39) од Р.Грузија поради сторено кривично дело нудење поткуп. Имено, тој на граничниот премин дошол со патничко возило „киа“ со грузиски регистарски ознаки, а во приложените документи за пасошка контрола ставил банкнота од 20 евра, соопшти МВР.

Р.Ш. е лишен од слобода, а утврдено е и дека зелениот картон што го приложил е фалсификуван. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНИЈА ВЛЕГУВА ВО ЛЕДЕН ДЕКЕМВРИ – Температурите ќе паднат до -16 степени, се очекуваат магла и дневен мраз

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА ТРАГА ПО ЛИЦАТА ШТО ГО СИМНАЛЕ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ – Политички реакции по настанот во Гостивар

ДЕСК

ВОЗАЧИТЕ ДА БИДАТ ВНИМАТЕЛНИ – Кашест снег и влажни коловози на патиштата низ Македонија

ДЕСК