Дешифрирањето би било – да си згазнам на власт па потоа здравје
Пишува: ЗОРАН ИВАНОВ
Па добро, навистина ли мисли и верува ли и тој самиот на своите спакувани збориви пред наместената ТВ камера на апла наместените прашања на приватниот репортер на националната партиска телевизија и во друштво само на жената што во заднината со кофата и џогерот си ја брка својата дневна работа, нашиов, претседаелот на ВМРО-ДПМНЕ, така осамен во холот на својот хотел или во ходникот на некое австриско министерство онака груевистички препотентно ни фрла прав в очи дека неговите десни имале разбирање за неговите ЕУ ставови, дека во Букурешт на собирот на сестринските партии меѓу кои, внимавајте, и во присуство и на госпожата Дер Лаен која по негов налог неговите нотарски депутати овде во собранието за францускиот ја навредуваа и и` крештеа со вувузелите брукајќи се и себе и партијата и државата и сега токму оттаму од каде што го отфикарија за нови рамковни преговарања, од каде што никој, ама баш никој, ама баш ниту еден од тие меѓународни на кои се повикува тоа не го потврди но, ете, имале разбирање за неговите заложби, попрецизно, разбирање не за нови преговори, не за нова ЕУ рамка туку само разбирање за неговите заложби, практично само внимателно дипломатски сочувство за неговите демагогии но не и поддршка за неговите илузии па дури и од таа негова најнова лузерска позиција се уште уверува, убедува дека веднаш по изборите овдешни ќе предводел проевропска влада ама немало да коленичи, ќе ги чекал ЕУ парите ама немало да проси, ќе немало уставни ама ќе почнеле ЕУ преговори и дека онака машки донкихотски ќе стоел на браникот на идентитетот и дека нема да ги распродавал македонските национални интересите без при тоа да појасни, да посочи за какви тоа интереси се работи и, кажано во оваа една реченица и зумирано во збор, два, дешифрирањето би било – да си згазнам на власт па потоа здравје.
Пишува: ЗОРАН ИВАНОВ
Извор: Civilmedia.mk