Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Со Пендаровски граѓаните добиваат членство во ЕУ со Силјановска изолација, велат од СДСМ

Со Пендаровски граѓаните добиваат членство во ЕУ, со Силјановска изолација и враќање назад. Тоа е изборот што им се нуди на граѓаните на претстојните претседателски избори, велат од СДСМ.

„Понудата на ДПМНЕ и Силјановска е да се откажеме од иднината, од надежта, да се изолираме и да се збогуваме со секоја вистинска и суштинска промена за подобро утре.

Во ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е истата партија која едно зборува, друго прави, која дава лажни ветувања, кои никогаш не ги остварува.

Само со Пендаровски е остварлива единствената реална надеж за светла македонска иднина – членство во ЕУ, поголеми плати и пензии, економски раст, европски вредности и стандарди.

Затоа на претстојните избори граѓаните ќе дадат силна поддршка за Пендаровски.

Ќе кажат НЕ за изолација и ДА за Европа.“ – соопшти СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК