Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: На сликите на Мицкоски и Силјановска со Ковачев се кочничарите на иднината на Македонија

-И Гордана Силјановска Давкова и Христијан Мицкоски си имаат слика на која гордо стојат покрај главниот негатор на македонскиот народ, јазик, историја, култура, бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, соопшти СДСМ.

„Сликите кажуваат многу. Тоа се кочничарите на иднината на Македонија.

Дали Мицкоски и Силјановска се согласуваа со ставовите на Ковачев , кој јавно тврдеше дека Гоце Делчев е Бугарин, дека Браќата Миладиновци напишаале бугарски народни песни, а не Зборник, дека историјата ни е фалсификувана.

Бугарското и македонското ВМРО работат на штета на државата, прават сѐ да ја закочат европската перспектива на Македонија.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +