22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+SHOWBIZ

Василевска: Скросезе и Спилберг дури и кога немаат спектакуларен филм се номинирани за Оскар на стара слава

„Скорсезе, како и Спилберг кога имаат филм тој мора да биде номиниран за Оскар. Долго таму нема спектакли од овие режисери. Тие живеат на стара слава, веројатно конекциите се толку големи, сепак станува збор за индустрија“ рече новинарката Ана Василевска во утринската програма на „Слободен печат“ во соработка со „Трн.мк“.

Таа додаде дека нејзин фаворит на Оскарите е филмот „Анатомија на падот“, бидејќи на генијален и оригинален начин го дисецира интимниот однос меѓу двајца луѓе.

„Филмот се голта и уште од првата сцена ве вовлекува и не може да излезете до самиот крај. Генијален филм, улога која е неповторлива“ рече Василевска.

Новинарката додаде дека иако филмот „Анатомија на падот“ не е директно феминистички, има женска нишка која се прострујува низ него. За разлика од него, пофеминистички се „Барби“ и „Pure Things“.

„Барби доби големо внимание и беше потребен и сработен на еден шармантен начин. Слушам дека помладата публика го добива тој впечаток што треба да го добие, а тоа е доволно во овој миг“ рече Василевска.

Спонзорирано: