8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Силјановска застана зад изјавите на Ковачев против Македонија, АСНОМ, Миладинови и македонската култура

-Гордана Силјановска Давкова, претседателскиот кандидат на ДПМНЕ застана зад изјавите на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев против Македонија, СНОМ, Миладинови, против македонската култура, соопшти СДСМ.

„Ковачев е е еден од најголемите негатори на македонскиот народ, јазик и култура, кој тврди дека Македонија ја фалсификува историјата.

Тој отворено зборува дека Македонија е вештачка држава, создадена од Коминтерната, дека македонски народ не постои, а АСНОМ е столб на антибугарството.

За Ковачев, браќата Миладинови не напишале Зборник туку „Бугарски народни песни“, за него сите македонски дејци се Бугари.

Јавноста очекува одговори од Силјановска.

Во ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е истата партија која едно зборува, друго прави, која дава лажни ветувања кои никогаш не ги остварува.

Со ДПМНЕ и Силјановска не е е можна никаква позитивна промена туку само полошо.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

НОВ ТЕМПЕРАТУРЕН ШОК ВО НАЈАВА – Синоптичарите излегоа со прогноза за следните 4 дена, чувајте се!

ДЕСК

Откако било пријавено дека на улица во Скопје има вооружени лица со автомати, отишла полиција која била нападната – Детали за ужасниот инцидент во кој се уапсени три лица

ДЕСК

МЕТЕОРОЛОЗИТЕ НАЈАВУВААТ НОВ ТОПЛОТЕН БРАН: “Здравство” излезе со вонредно соопштение за зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

ДЕСК