9.8 C
Скопје
23. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ајдини: Не верувам дека ќе има бојкот на вториот круг од претседателските избори

Политичкиот аналитичар Газмен Ајдини во интервју за Слободен печат, запрашан дали може да се очекува бојкот на вториот круг на претседателските избори од страна на гласачите етнички Албанци, рече дека иако постои можност за тоа, тој не очекува тоа да се случи.

„Хипотетички, поостои можност за бојкот од албанското гласачко тело, но мислам дека тоа нема да се случи. Поверојатно е да се случи, албанските политички партии да остават гласачите сами да се определат дали ќе гласаат и за кого ќе гласаат, но не знам ни тоа дали ќе се случи, ние сме имале претходно ситуации каде лидери на албански партии рекле на вас е драги гласачи дали ќе излезете и за кого ќе гласате, но имало и случаи кога кажуваат го поддржуваме овој и овој кандидат заради тие и тие причини, како што беше последниот пример со Пендаровски“ истакна Ајдини.

Ајдини смета дека ако се дојде до бојкот, тоа може да предизвика политичка и уставна криза во државата.

„Мислам дека нема да дојдеме во ситуација на бојкот, особено имајќи предвид дека тоа може да создаде една политичка криза ако не се постигне потребниот цензус за вториот круг, така што мислам дека бојкот нема да се случи“ рече Ајдини.