Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Утврден е текст на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Владата на Република Северна Македонија го утврди текстот на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми.

Меѓу клучните цели на измените и дополнувањата е поддршка на националните весници кои имаат сериозни проблеми со големите трошоци за печатење и дистрибуција, како последица на високата цена на хартијата и на зголемувањето на цените на горивата, а имајќи предвид дека медиумите имаат голема улога во развојот на демократските капацитети на државата, унапредувањето на економијата, развојот на етичките норми и стандарди на новинарството, придонесот кон отворање дебати за прашања од јавен интерес.

Со измените и дополнувањата, како што е образложено од предлагачот, Министерството за информатичко општество и адиминистрација, се уредуваат: еднократна финансиска помош што печатените медиуми би ја добивале од страна на Владата на Република Северна Македонија; начинот на објавување на јавниот повик до печатените медиуми, како и процентуалниот износ којшто Владата ќе го покрие во делот на трошоците за печатење и дистрибуција на весниците; правото на учество и условите коишто треба печатениот медиум да ги исполнува; а се предвидува и основање Комисија којашто е надлежна да одлучува по однос на поднесените барања.

Владата и досега ги поддржуваше печатените медиуми преку донесување Програма за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми. Но, со денеска утврдениот текст на Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми, ова прашање се предлага да се уреди преку системско решение, како дел од Законот за медиуми. Предлог текстот се испраќа на усвојување во Собранието на Република Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК

Четврток носи најголема опасност: Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град

ДЕСК

Од Стајковци до болница: Напад со тврд предмет прераснал во пресметка меѓу две групи

ДЕСК