Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Шаќири: По изборите, ќе се вратат хонорарците неопходни за функционирањето на МКЦ

Директорот на МКЦ, Бени Шаќири, објави дека, по завршувањето на изборите, хонорарците кои се неопходни за функционирањето на Младинскиот културен центар ќе бидат повторно работно ангажирани.

Шаќири во соопштение наведе дека одлуката да не им го продолжи договорот на 30 хонорарци ја донел врз основа на известување од ДКСК, која сугерира во изборниот процес да не се потпишуваат договори што ќе го оштетат буџетот во согласност со членот 8-а од Изборниот законик.

Директорот тврди дека не станува збор за своеволна еднострана одлука за прекин на договорите, туку се работи почитување на законите.

„Би сакал да ве известам дека веднаш по завршувањето на изборниот процес и во моментот кога тоа ќе биде дозволено според законските прописи, хонорарно ангажираните лица, кои се неопходни за редовното функционирање на институцијата, повторно ќе бидат со работен ангажман“, вели Шаќири и ги отфрла обвинувањата дека ставил клуч на врата коментирајќи дека ниеден настан од програмата на МКЦ не е откажан.

Дополнително, како што додава, претходните раководства се довеле во ситуација трајно да не изнајдат решение за статусот на хонорарците, па сегашното раководство до ДКСК испратило допис за да добие мислење за натамошното дејствување.

Во МКЦ, со последната одлука на Шаќири, повеќе нема ангажирано лица за предавања во Планетариумот, за реализација на програмските активности (технички лица и орагнизатори на настани), кафулето е целосно затворено, затворена е и „Апотеката“, а киното „Милениум“ работи со преполовена дејност.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК

Левица: Македонија не смее да биде пасивен набљудувач за сопствената иднина – Муцунски и Мицкоски да се огласат по редлогот на Мерц

ДЕСК

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија поради неговите антимакедонски ставови

ДЕСК