Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: ДПМНЕ да ги поддржи законите за намалување на платите на функционерите

Соопштение на СДСМ:

ДПМНЕ да ги поддржи измените во законите, за намалување на платите на сите избрани и именувани функционери.

Измените во шест закони, по скратена постапка, ги предложи пратеничката група на СДСМ

Тие предвидуваат намалување на постоечките коефициенти на плати со што платите на сите избрани и именувани функционери нема да пораснат.

Бидејќи Уставниот суд ја укина фиксната основица, ова е единственото уставно решение.

Со овие законски измени се опфатени пратеници, министри, директори, градоначалници, судии, обвинители, сите избрани и именувани лица или околу 1.060 лица.

Парите наместо за поголеми плати на функционерите да завршат кај граѓаните.

Со СДСМ во изминатите години растат платите и пензиите, повеќе пари завршуваат кај граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +