Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски: Штип и целиот македонски исток вечерва праќа порака, напредокот на земјата мора да продолжи

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва заедно со раководството на партијата и членови симпатизери на СДСМ, го отворија Штабот на СДСМ во Штип. Во обраќањето пред присутните членови, граѓани и симпатизери на СДСМ, претседателот на партијата Ковачевски истакна дека граѓаните ја препознаваат европската политика на просперитет и затоа голема е и поддршката за партијата. „Тоа што сте вечерва тука во вака голем број е порака од Штип и целиот македонски исток дека напредокот на земјата мора да продолжи, нема враќање назад, нема застанување.

СДСМ е подготвен и одиме на двојна победа на претседателските и парламентарните избори.

СДСМ никогаш не се водела од партиските или лични интереси, ние се залагаме и носиме одлуки за општо добро на нашите граѓани, да им обезбедиме квалитетен живот на сите генерации, да обезбедиме економски просперитет на државата“-рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 25°C, А ЗА ВЕЛИГДЕН СИЛЕН ДОЖД И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК