Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Маричиќ: Важноста на возачките дозволи беше продолжена за да се намали притисокот и сите да имаат време да ги променат

„Измените што ги направивме за возачките дозволи и сообраќајните дозволи се исклучиво со намера за домашна употреба да го намалиме притисокот, да има доволно време сите да ги сменат“ рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека днвевниот притисок за промена не е ист како за пасошите, бидејќи не сите патуваат надвор од државата како што возат кола.

„Тоа е направено од практични причини за да се стигне со возачките дозволи до крај на годината да се комплетира тоа. Многу е поинаков проблемот“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека со продолжување на важноста на пасошите проблемот ќе се пренесе надвор и граѓаните може да се соочуваат со проблеми на граничните премини.

„Тоа е политички егзибиционизам за собирање евтини политички поени. Возачките дозволи беа продолжени за оние кои ги користат дома, за да не мора да бидат под дневен притисок, а возат кола секој ден“ рече Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК