Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Продолжување на важноста на пасошите ќе внесе нова и поголема несигурност за граѓаните по границите низ светот

„Должни сме да гледаме од аспект на граѓаните. Најлесно е и политички опортуно да донесеме закон со кој навидум ќе го решиме проблемот. Но, тоа ќе внесе дополнителна и поголема правна несигурност и можност да ги внесе граѓаните во поголеми проблеми, дополнителни трошоци и непријатности на гранични премини. Во моментот немаме официјално известување од ниту една членка на ЕУ дека може со стариот пасош да се патува“ потенцираше вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „Топ тема“ на Телма за ситуацијата со патните исправи и кажа дека ниту една земја од ЕУ не потврдила дека дозволува патување со старите документи.

Тој додаде дека на тој начин граѓаните ќе може да бидат застанати на било кој граничен премин и да се сносат со дополнителни потешкотии и непријатности.

„Црна Гора извести дека нема да дозволи патување со стари докуементи. Други земји може да на лице место да се повикаат на тоа. Зошто да ги оптеретуваме граѓаните да се соочуваат со проблеми и се да зависи од смената на граничниот премин?“ запраша вицепремиерот Маричиќ.

Тој кажа дека досега се издадени еден милион и 350 илјади пасоши и дека овој месец се пристигнати 300 илјади пасоши, со што до јуни ќе може секојдневно да се печатат нови пасоши.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖД И СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ ВО МАКЕДОНИЈА – Денеска температури до 18 степени

ДЕСК

Почна гласањето во Брвеница – гласаат вкупно 107 болни лица

ДЕСК

РОДИТЕЛИТЕ ИМ ГО ПРЕПИШАЛЕ СТАНОТ НА ДЕЦАТА – Што ако еден ден им кажат дека повеќе немаат право да живеат таму?

ДЕСК