Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Кузеска: Пендаровски го врати достоинството на функцијата претседател

Раководството на СДСМ даде поддршка за втор мандат на Стево Пендаровски, таа поддршка треба да се потврди и преку Централниот и Извршниот одбор и на крај да се официјализира на трети март, на Конгрес, порача за Слободен печат, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Кузеска потсети дека и на претходните претседателски избори, Пендаровски доби поддршка од над 30 политички партии и различни етнички заедници и изрази надеж дека тоа ќе се случи и овој пат

„Поддршката за Пендаровски стои и сега од различни етнички заедници, тој има поддршка од различни луѓе кои знаат да ја вреднуваат работата и трудот на еден човек кој се вложил во мандатот што го имал претходно. Еден од неговите главни адути е тоа што сите граѓани од сите етнички заедници препознаа дека тој работи за сите граѓани, дека не ги дели по ниту еден основ, па ниту по партиски основ. Стево Пендаровски го врати достоинството на функцијата претседател на државата и мислам дека на овие избори повторно на дело ќе ја видиме поддршката од граѓаните кон него“ посочи Кузеска.

Можеби ќе ве интересира

РОДИТЕЛИТЕ ИМ ГО ПРЕПИШАЛЕ СТАНОТ НА ДЕЦАТА – Што ако еден ден им кажат дека повеќе немаат право да живеат таму?

ДЕСК

ЦИКЛОН ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА – Следуваат обилни дождови, локално над 60 литри на квадратен метар

ДЕСК

Црна Гора со поддршка за македонските евроинтеграции – „Проширувањето мора да биде според заслугите“

ДЕСК