„Стево Пендаровски во неговиот мандатот покажа дека има капацитет да придобие гласови од албанскиот електорат и од страна на македонскиот електорат и од страна на сите други заедници коишто функционираат во државата. Затоа, не гледам причина зошто Стево Пендаровски, доколку биде номиниран од страна на конгресот на СДСМ не ја добие потребната поддршка од коалиционите партнери и генерално од целото мнозинство“ изјави градоначалникот на Струмица и член на ИО од редовите на СДСМ Коста Костадинов на емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.
Тој додаде дека тој дава поддршка на Пендаровски кандидат за претседател.
„Поприлично се важни локалните самоуправи во било каков изборен циклус, дали ќе бидат тоа претседателските или парламентарните избори. Не може цело време да се критикуваме за некаква бетонизација, а во исто време да ни биде нормализирано прашањето околу нови 250 илјади метри квадратни во Ѓорче, а да не биде ништо друго нормално. Зошто правам споредба и паралела со Струмица? Оти струмичката опозиција не критикува зошто во Струмица нови 45 хектари зелена површина, нешто што не го гледаме во Град Скопје или во општините под Град Скопје“, потенцираше Костадинов.