Во продолжение говорот на претседателот на ДУИ Али Ахмети:
Почитувани сестри и браќа,
почитувани граѓани,
Не често Ви се на овој начин, од оваа говорница, со толкава најава и со големо насочено внимание.
Долго размислував дали треба да ја споледам со Вас мојата загриженост, само поради една причина, да не ве вознемирам, и секако немаше да го направам ова ако не бев убеден во ова што го кажувам и за ова што ве повикувам да го направиме заедно.
Вие знаете дека сите работи сме ги реализирале заедно со Вас, секое соочување сум го споделил со Вас, ниту еднаш не сум ве напуштил, не сум се повлекол пред ниту еден предизвик, предводев со знаење и храброст благодарејќи ќ на Вашата поддршка и заедно сме излегле победници во сите наши битки.
Така, од ова говорница вообичаено соопштувам големи вести, важни одлуки и сум барал од вас заедно да ги оствариме нашите определби, како и секогаш, 23 години по ред. Тука се донесени храбри и историски одлуки, одлуки кои направија големи промени кои на почеток беа негирани, потоа се демантирани, после тоа се исмевани а покасно и спротиставени, но секогаш овие идеии победиле.
Историјата не учи дека не треба да им се спротиставуваме на големите идеи, туку треба да им се придружиме затоа што нема ништо посилно од идејата на која што и е дојдено времето. Од ова говорница го најавив сонот за Првиот Премиер Албанец, сон кој што го остваривме заедно.
На ова говорница официјално го веев националното знаме и го говорев службениот Албански јазик, тука ги срушивме границите и се обединивме со коридори, ги изградивме државните универзитети и го зедовме нашиот дел од рамноправноста во сите области, ги ослободивме институциите од етничките предрасуди и станавме дел на НАТО, исто така отворивме преговори за членство во Европската Унија.
Но, нашиот пат не е целосен, не е завршен и не е докрај обезбеден. Нашиот пат не може да го изградиме сами. Ни требаат искрени пријатели, ни требаат големи и мали, жени и мажи, млади и стари, ни требаат подржувачи и сојузници. Јас навистина имам една грижа, и време е тоа да го кажам.
Браќа и сестри, нашата земја и целиот регион се соочува со голем ризик од едно перманентно малигно проголтувачко влијание, како и безкрупулозно отуѓување на нашиот пат и Евро-Американската определба.
Пред неколку години изјавив дека Украина не е далеку. Своевремено, ова предвидување се исмејуваше, демантираше, негираше и се спротиставуваше, но на крај испадна горка вистина која ни предизвика голема континентална и глобална безбедносна и економска криза.
Со истиот ризик и брутален канцероген предизвик се соочија и Претседателските избори во Америка, процесот на Брегзит на Велика Британија, Претседателските избори во Франција како и Парламентарните избори во Германија.
Сега е нашиот ред да се соочиме директно. Поларната мечка, Русија, ни тропа на врата и е веќе во сите пори на нашето општество, дестабилизирајќи ги иституциите и влиаејќи во политичката сцена во земјата.
Русија е присутна во политичките партии во нашата земја, во нашите медиуми, во цивилното општетсво, во нашето стопанство, нашата критична инфраструктура и во секој сегмент на општеството, не само кај нас, туку и во нашиот регион.
Рускиот претседател Путин, Министерот за надворешни Лавров, изјавија дека членството на Македонија во НАТО е пламена линија за Русија, и се построија против нашето членство во Европската Унија.
Сега сме сведоци на масивното малигно мешање за да ни се оневозможи продолжување на нашиот европски пат и враќање на повеќедецениската изолација која ќе го дестабилизира нашето општество.
Македонија е мала земја и е крстопат на цивилизациите, со кревко мултикултурно и мултиетничко општество, уште цело неконсолидирано, елементи кои се од интерес за Русија за да ги искористи на начин за да постигне домино ефект во целиот регион и да го дестабилизира регионот.
Ова е вистинска закана! Затоа, како никогаш досега, Ве поканувам да се здружиме, вие и ние, заедно со сите други, рака под рака, рамо до рамо, да ја водиме последната битка од вечната војна до големата победа и во едногласно да се изјасниме: НЕ ЗА РУСИЈА, ДА ЗА ЕВРОПА! Ние имаме одлучни и храбри жени и мажи кои ќе се соочат на злонамерната канцерогена стихија, додека јас сум спремен да ја водам последната одлучувачка битка за обединување и интеграција заедно со Вас.
Изборите кои се пред нас, парламентарните и претседателските, се од одлучувачка важност во ова битка. Затоа на овие избори одлучивме да побараме од Вас да останеме заедно, да се построите со нас за реализација на нашето барање (од 2016 и 2020) за уставн измена и избор на Претседателот и Заменик Претседател на државата во Собрание, вклучување на бугарската и другите заедници во Уставот и да и кажеме одлучно НЕ на Русија, и ДА на Европа.
Пред Вас, давам одлучен завет дека ние нема да бидеме дел од ниту една влада која нема да го промени Уставот и ќе одиме во опозиција за да се бориме и да ги победиме екзистенцијалните закани за нашата земја.
За ова, ја бараме Вашата доверба затоа што овие работи бараат моќна, силна партија за одлучно да се соочи со големите прашања, докажана во минатото дека ги остварила големите ветувања, што го направила тоа што го кажала.
Бујар се има докажано на домашната и меѓународната сцена и победи во битката против Русија, истотака беше дел од нашата екипа за Уставните измени, членството во НАТО и почетокот на преговорите за членство во Европската Унија.
Со Бујар го започнуваме најважниот референдум на нашето време и следната битка за да ја добиеме Вашата доверба за да го избереме Претседателот во Собрание со двотретиско мнозинство и со Бадинтерово мнозинствл, за да ја оствариме нашата визија за Консенсуален Претседател.
Ова Ваша доверба ќе ни овозможи со отворањето на Уставот да го спроведеме и Договорот со Бугарија и да ја деблокираме европската интеграција и така да и кажеме на Русија, ОДИ СИ!
Без да го заокружиме овој процес, мојата работа не е завршена и јас нема да го нашуштам нашиот пат, нема да ве оставам на крстопат и нема да ја оставам работата недовршена, нема да бидам раат без да да ја види земјата светлоста на денот.
Јас сум спремен да се соочам и со овој предизвик, да ја предводам и ова битка и да го заокружам нашиот заеднички пат, со чист образ, горд и со достоинство.
Пружете ни ја раката, дадете ни збор, да си дадеме беса и овој пат затоа што нема да ве разочараме! Вие знаете дека јас го исполнувам мојот збор!