24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Зоран Иванов / Фото: Civilmedia.mk
СТАВ

Гласови на утеха за преамбициозните политички пориви што му ги поматија неговите коалициски “мангупи”

Гласови на утеха за преамбициозните политички пориви што му ги поматија неговите коалициски “мангупи”

ЗОРАН ИВАНОВ

Само две недели им требеше на пулените на Курти својот влијателен и секако, и според претходните изборни резултати, лидерски колега од Алијансата, Таравари, да го торпедираат надвор од нивната мајска парламентарна игранка, додуша малку или малку повеќе и подослабната од крилото на својот партиски претседателски претходник па, кажано во оваа една реченица, Касами, Меџити и Гаши, по се уште реалната неможност да биде прв претседател на државата од редот на албанската поулација во земјава, практично уште сега, на нецели сто дена до изборите, политички го преиграа и го испратија назад во лекарската струка каде што, како и што беше, ќе биде покорисен за заедницата, а како актуелно најпопуларен и највлијателен меѓу доскорешните партиски партнери од, нели, здружената опозиција, во спомен и како утеха, на доктор Арбен Таравари сепак ќе му останат рекордните изборни гласови кои било кога досега ги добил некој негов претходник како претседателски кандидат на државата Македонија, но ќе бидат тоа само гласови на утеха за преамбициозните политички пориви што му ги поматија неговите коалициски “мангупи”.

Извор: Civilmedia.mk

Спонзорирано: