20.8 C
Скопје
26. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Потрага по Србинка во Мадрид: Испратила сомнителна порака на пријателката додека била на одмор и исчезнала без трага, се вклучи и ФБИ

Американската државјанка со српско потекло Ана Кнежевиќ (40) исчезнала во Шпанија откога пред две недели ја напуштила Флорида за да оди на одмор. Нејзините пријатели се загрижени, апелираат до сите да им помогнат во потрагата, а медиумите во Соединетите Американски Држави наведуваат дека во потрагата се вклучило и ФБИ.

Пријателите на Ана не ја виделе, ниту ја слушнале од февруари, а како што изјавија за медиумите во САД, таа заминала на одмор кон крајот на минатата година по развеодот од сопругот, кој живее во Мајами.

Изнајмила стан во центарот на Мадрид и планот ѝ бил да остане во Шпанија неколку месеци, но ѝ се губи секаква трага.

Како што раскажале нејзините пријатели, кобната вечер ѝ испратила порака на пријателката дека запознала маж со кој ќе одат во викендичка, на два часа од Мадрид. По тоа, нејзините пораки не стигале ниту, пак, одговарала.

Последен пат била видена на 2 февруари околу 22 часот во станот.

Во потрагата по Ана, покрај шпанската полиција, се вклучи и ФБИ.