13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Каевски: Најдобра анкета ќе биде денот на изборите

Запрашан за анкетите што се објавуваат во последниот период, портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски за Слободен печат изјави дека и порано имало анкети каде што била фаворизирана ВМРО-ДПМНЕ, но на крајот се покажувале како погрешни.

„Најдобра анкета ќе биде денот на гласањето. Од друга страна видовме дека истите тие организации што денеска прават такви анкети, во 2020 година типуваа дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде победник на изборите, истите тие не убедуваа дека Гордана Силјановска Давкова ќе биде жена претседател во 2019 година, истите тие не убедуваа дека на предвремените локални избори во 2022 година во Маврово и Ростуше, ВМРО-ДПМНЕ двојно ќе победи и ред други такви прогнози за кои на крајот на денот се испостави дека не се точни и дека резултат беше поинаков“ порача Каевски.

Каевски посочи дека тој и неговата партија се убедени во нова изборна победа, затоа што граѓаните според него требало да направат избор за тоа на каде ќе се движи државата.

„ Ние сме убедени во делот на мандатот и победата, затоа што патот што го трасираме и го нудиме на граѓаните е оној вистинскиот пат, секако со сите мани слабости и недоследности што сме ги имале во измниатиот период. Чесно е да се каже дека имаме и одредени слабости но на крајот на денот граѓаните треба да избираат на едно референдумско прашање, за тоа во која насока сакаат да ја видат државата. Дали сакаат да ја вратиме државата назад во изолација, во темни мрачни мината, блокади, нерасчистени односи со соседите со Европа и светот или сакаат да ја видат државата како напредува како е интегрирана, како е дел од европското семејство и како државата е сигирна стабилна и чекори во правилен правец“ порача Каевски.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Филипче зборува дека инфлацијата е висока, а до пред година и пол во време на СДСМ рушеше рекорди во Европа со над 20%

ДЕСК

Ацевски: Нашата визија е човекот пред профитот, нивната визија е брз профит – Ќе добие ли Имер Селмани нови згради во Ѓорче под превезот на „населба за млади“?

ДЕСК

Полицијата во Гевгелија спречи обид за убиство на поранешен партнер врз девојка, лишени од слобода две лица

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.