Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Каевски: Ковачевски ќе биде премиер и по парламентарните избори

Портпаролот на СДСМ Дарко Каевски во информативната емисија на Слободен Печат изрази уверување дека СДСМ и коалицијата ќе победат на парламентарните избори закажани за 8 мај.

Каевски потврди дека претседателот на партијата Димитар Ковачевски ќе биде носител во Изборната единица Еден, додавајќи дека останатите носители и кандидати за пратеници ќе бидат познати наскоро.

„Логично е претседателот на партијата да биде носител во Изборната единица 1 затоа што живее во општина Карпош и тоа е еден логичен след на активностите и настаните што треба да се случуваат. Во делот на останатите и носители и коносители и кандидати коишто ќе бидат на листите, се уште е рано, се уште се прават анализи и секако согласно тоа ќе излеземе со кадровска понуда. Веќе кон крајот на месецов, почетокот на следниот веќе би имале јасна слика можеби не за целите листи, туку за носителите по изборни единици“ порача Каевски.

Каевски смета дека СДСМ во изминативе години остварила многу од зацртаното и дека тоа ќе биде препознаено од граѓаните.

„Апсолутно сме убедени дека по изборите Димитар Ковачевски ќе биде премиер, затоа што знаеме дека сето она што сме го правеле и го правиме, го правиме за граѓаните и тие тоа го препознааат“ посочи портпаролот на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +