Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Трагедија: Загина едно лице во тешка сообраќајка на автопатот Скопје – Градско

На 12.02.2024 во 11.15 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот „Пријателство” , во правец од Велес кон Градско во близина на исклучокот за село Караслари, велешко, патничко возило ,,фолксваген голф” со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Р.И.(44) од Кавадарци, удрило во заштитна ограда од коловозот.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде била констатирана смрт. Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕТРЕСИ ВО КУМАНОВО – Обвинителството потврди истрага за изнуда и перење пари

ДЕСК

ЗАКАНИ КОН СЛУЖБЕНИ ЛИЦА ВО ДЕБАР – Кривична пријава против 52-годишник кој пресретнал службено возило

ДЕСК

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА 21-ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ – Се сомничи дека овозможил користење марихуана во Охрид

ДЕСК