Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка во Скопје: Се судриле три возила, има повредени

На 12.02.2024 во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Е.(27) од Охрид, патничко моторно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И.(66) од Скопје и патничко моторно возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Џ.И. од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.И., а со телесни повреди се здобила Б.Џ.И, констатирани во Градска општа болница „8 Септември“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +