Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

Следува пресврт со времето, некаде дожд, а некаде снег – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Утре ќе има локален слаб дожд, а на повисоките планини слаб снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој ќе продолжи да дува и во среда. Од среда следува период на стабилно и суво време со пониски утрински температури.

Прогноза за 14.02.2024
Минимална температура: 0°C до 7°C
Максимална температура: 6°C до 14°C

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 15.02.2024
Минимална температура: -4°C до 4°C
Максимална температура: 8°C до 16°C

Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Прогноза за 16.02.2024
Минимална температура: -6°C до 2°C
Максимална температура: 11°C до 17°C

Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Можеби ќе ве интересира

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

C +

Дожд, снег и засилен ветер до петок: циклон носи над 50 литри дожд

C +

Мицкоски во Будимпешта ќе се сретне со Орбан

C +