25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Коциќ: На 8 мај мора да победи европскиот фронт на СДСМ за иднината на државата, вториот концепт го гледаме 20 години, а тоа е опортунизам, квази-патриотизам, и хаос

„Јас имам една теза дека само човек кој не е сигурен во својот идентитет е исплашен за губење на својот идентитет. Мислам дека не никој не може да ни каже дали ќе бидеме Македонци , дали другите ќе бидат Албанци, Власи, Срби. Таа тема подолго време е апсолвирана и јасно ни е зошто е така. На 8 мај ќе се соочат два концепти, едниот е концепт којшто значи просперитет на државата и напредок кон ЕУ и подобар живот за сите граѓани, вториот концепт го гледаме повеќе од 20 години, а тоа е опортунизам, квази-патриотизам, и создавање хаос. Како ВМРО-ДПМНЕ владее можете да видите денеска во градот Скопје каде што владее хаос, јад и чемер после изборите во 2021 година кога ја доби власта градоначалничката со нивна поддршка и имаат мнозинство во Советот. Тоа е начинот на функционирање на ВМРО-ДПМНЕ и тоа е она што се случува сега во техничката влада со влегувањето на министрите од страна на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Ненад Коциќ пратеник од редовите на СДСМ во емисијата „Студио 10“ на Телевизија 24.

Тој додаде дека граѓаните треба да одлучат дали ќе државата ќе оди напред или ќе оди назад во груевизам или мицковизам.

„Врз основа на анкетите коишто доаѓаат од кујната на ВМРО-ДПМНЕ, најголема шанса за формирање на влада ќе има европскиот фронт. СДСМ уште пред некој месец ги покани сите партии без разлика од каде доаѓаат да се приклучат кон европскиот фронт. За нас, Европа е домот во којшто треба да живееме, за нас Европа треба да дојде тука наместо децата да одат надвор и стандардите и принципите на ЕУ треба да завладеат тука и затоа на 8 мај не само што треба, како опција да победиме, туку мора да победиме за иднината на оваа држава“, потенцираше Коциќ.

Тој додаде дека опортунизмот што го кажува ВМРО-ДПМНЕ на дело, за Преспанскиот договор, први почнале да го имплементираат со казни.