18.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: САД и Северна Македонија заедно работат во борбата против корупцијата, а таа борба сега добива институционална форма

„САД и Северна Македонија заедно работат на борбата против корупцијата, и тоа ни е ѝ целта со овој закон за рестриктивни мерки – да оние укажувања од САД добијат институционална форма и кај нас со почитување на сите човекови права“ рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервју за „Гласот на Америка“.

Тој додаде дека владата во последните месеци направи интензивен напор и со овој закон, полициската акција во Грчец како и отворањето на случајот Онкологија покажува дека има политичка волја за борба против корупцијата и организираниот криминал.

„Исто така овој закон за рестриктивни мерки го бараат и граѓаните, во огромно мнозинство, и владата сака да покаже дека заедно со поддршка од граѓаните, е подготвена да го спроведе овој закон. Сите оние кои што нашиот стратешки партнер САД ни укажале и се ставени од некоја причина на црната листа, ќе бидат разгледани од нашите институции без никакво прејудицирање за исходот на постапката“ истакна Маричиќ.