Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Со ДПМНЕ просечната плата беше 360 евра, со СДСМ е 630 евра, голема е разликата, велат од СДСМ

-СДСМ со правилни економски политики, води грижа за сите во државата. СДСМ предвремено го реализираше ветувањето за просечна плата од 500 евра и сега таа е покачена на 630 евра. Во времето на ДПМНЕ, во 2016 година, просечната плата изнесуваше 360 евра. Со ДПМНЕ работниците земале дури за 270 евра помала просечна плата од денес, соопшти СДСМ.

„ДПМНЕ беше фокусирана на споменици и жални врби, СДСМ е посветена на граѓаните, на работниците, го вреднува, почитува и цени трудот на сите работници.

За ДПМНЕ работниците беа само евтина работна сила, за СДСМ работниците и нивниот животен стандард се приоритет.

Со СДСМ растат платите, со СДСМ работниците имаат повеќе.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

ТРН признанија за храбрите и упорните гласови во 2025

ДЕСК

Временска слика што ретко се гледа во декември – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Објавил фотографија на социјалните мрежи – полицијата му затропа на врата оти промовирал и поттикнувал омраза и насилство

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.