Службите за итна медицинска помош во Струмица, Радовиш, Гевгелија и Валандово добиваат амбулантни возила и дополнителна медицинска опрема преку проект за прекугранична соработка со Грција. Вкупната вредност на проектот е околу 1,2 милиони евра, од кои приближно 980.000 евра се обезбедени од Европската Унија.
Набавката опфаќа и дефибрилатори и ЕКГ-апарати, а опрема за итна интервенција е предвидена за десетте општини во Југоистокот и за граничните премини Дојран, Гевгелија и Ново Село. Проектот вклучува обука на граѓаните за користење дефибрилатори. Четирите здравствени дома опслужуваат подрачје со околу 170.000 жители.


