Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Костадиновска-Стојчевска: Наредната недела почнуваат работите на Универзална сала, обезбедени и завршени се сите процедури

„Веќе наредната недела изведувачот ќе почне да го расчистува објектот и да гради, затоа што ги имаме парите, ги обезбедивме и ги завршивме сите потребни процедури и крајно време е таму да започне работата. Но, ни крај памет на мене како министерка а верувам ниту на граѓаните не им беше дека за еден ваков проект, кој што навистина не треба да биде предмет на некакво препукување, ќе треба да молиме за целосна документација“ изјави министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека помина интересен период во однос на примопредавањето на документацијата за реконструкцијата со Универзалана сала.

„Никој не претпоставуваше дека ќе молиме да ни се предаде целосната документација затоа што и нам, на Министерството за култура, ни следуваат рокови. Ги собравме сите релевантни документи по подолгиот и потешкиот пат“ рече Костадиновска Стојчевска.

Таа посочи дека останува уште да се потпише договорот за банкарска гаранција и веќе наредната недела изведувачот таму ќе почне со работа. Како што подвлече, процесот е затворен и ќе може да се почне со реконструкција.

Можеби ќе ве интересира

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК

Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, од нив шестмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК