15. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Стојковски: Расте процентот на граѓаните што сметаат дека ЕУ е нашата најдобра алтернатива

Извршниот директор на Преспа Институт, Андреа Стојковски во интервју за Слободен печат направи компарација на двете последни истражувања на Институот кои покажуваат раст на процентот на граѓани кои сметаат дека членството во ЕУ е најдобра опција за државата.

“Во мај 2023 61% од испитаниците рекле дека ЕУ е најдобра алтернартива, а 34% да бараме друга опција. Во декември 71% рекле дека е најдобра опција а 24% дека треба да бараме друга алтернатива имаме 10 процентни поени прелевање од едната во другата опција“ рече Стојковски.

Како главен мотив за интеграција во ЕУ, Стојковски порача дека граѓаните го наведуваат економскиот раст, потоа владеење на правото, почитување на човековите права, помалку корупција и повеќе транспарентност.

“Граѓаните очекуваат подобрување на економијата и подобар квалитет на живот. Од истражувањата се гледа дека граѓаните стануваат свесни дека поврзувањето со други држави, поплноправно членство во сојузи, е унии итн, може да придонесе за економски развој на државата“ заклучи Стојковски.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Битола: СДСМ се враќа!

ДЕСК

Бузлевски: Време е за Преспа без отпад, со силно земјоделство и туристички развој

ДЕСК

Филипче: Во програмата на Бузлевски никој не е заборавен, со него Ресен повторно ќе се развива

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.