5.8 C
Скопје
27. февруари 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Стојковски: Во 96% од 14.000 сценарија, најмногу шанси за победа на изборите има Европскиот блок

Извршниот директор на Преспа Институт ја објасни методологијата на Политичкиот извшетај и Електрометар а која се однесува на правење проекција за следните избори.

„Со сета таа статистика што ја внесовме, решивме да тренираме компјутерски модел каде му дадовме задачи да ги идентификува различните врски, откако ги идентификувавме , зедовме неколку претпоставки, во тоа време кога го правевме тоа, се уште постоеше дискусија дека владина коалиција во целост ќе натсапи во заедничка изборна листа, но сега веќе една од претпоставките е малку разнишана, и потоа му дадовме задача на компјутерот да симулира сценарија. Во првиот експеримент сценаријата беа 10.000 каде игравме со процент на излезност каде најголема излезност имавме 2016 која била 66,7% проценти, а најмала била во 2020 година, 52% и му дадовме на копјутерот да прави сценарија со плус минус 10 процентни поени, потоа имавме експеримент каде игравме со маргината на грешка на последната анкета. Да биде појасно од маргината на грешка која е 3,55% додававме и одземавме кај полиитчките партии да видиме како тоа ќе влијае на изборните резултати, тоа беа 3.000 изборни сценарија. И направивме уште еден експериемнт каде вештачки ги менувавме излезноста и бројот на неважечки ливчиња во Изборните едници еден, два, пет и шест и таму беа 1.000 сценарија“ објасни Стојковски.

Стојковски посочи дека станува збор за симулација направена со податоци од пред неколку месеци, но во брзо време ќе се вршат нови симулации со нови влезни податоци.

„И со сите тие податоци што ги имаме, на блоковка поделеност, владината коалиција им 96% шанси да добие најмногу пратеници и да формира влада. Но, да се разбереме сето тоа е правено на шест месеци пред изборите и ние допрва тоа ќе го менуваме и ќе додаваме нови податоци, по што ќе излегуваат нови анализи“ посочи Стојковски.