5.8 C
Скопје
4. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Андоновски на средба со Крис Бренен резидентен директор на ИРИ

Дополнителениот заменик министер на Министерството за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски заедно со членовите на неговиот кабинет денес се сретна со Крис Бренен резидентен директор на Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ). На средбата тој се осврна на важноста на Техничката Влада во улогата на обезбедување на фер и демократски избори. Андоновски истакна дека сите учесници во Техничката Влада треба да имаат еднаков пристап до сите акти, документи и информации со кои располагаат ресорните министерства.

Тој посочи дека дека потребно е граѓаните и вработените во администрацијата да се заштитат од секакви притисоци.

Дополнително дискутираа и за поддршката на ИРИ во отвореното Владино партнерство, јакнење на транспарентноста и отчетноста во државните институции.