25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Пендаровски: За Албанец да биде претседател на државата, мора да ја има поддршката од сите етникуми

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за „Еуроњуз Албанија“ вели дека Албанец може да биде на функцијата претседател на државата, но мора да ја има поддршката од сите етникуми.

„Зошто да не биде Албанец претседател, но ако ја има поддршката од македонскиот и другите неалбански етникуми. Етнички Албанец не може да биде претседател на Република Македонија без гласовите на сите етникуми”, вели Пендаровски.

Претседателот во интервјуто нагласи и дека ја цени работата, посветеноста и соживотот на Албанците во Македонија. Тој рече дека по потпишувањето на Охридскиот договор во 2001 година, нивната застапеност во политиката и на локално ниво значително е зголемена.

„По потпишувањето на Охридскиот договор, Албанците се широко застапени и нема владина позиција до која немаат пристап. За овие 22 години Албанците направија голем напредок. Ако во 2001 година застапеноста на Албанците на државно ниво беше 2,4, сега е 21 отсто“.

Со овој аргумент претседателот Пендаровски го коментира и изборот на Талат Џафери на чело на Владата во државата.

„Ние работиме со Џафери официјално, но и приватно се познаваме подолго време. Работеше професионално и непристрасно, и тоа беше една од причините зошто СДСМ (Социјалдемократскиот сојуз на Македонија) го поддржа да биде првиот Албанец претседател на парламентот во Северна Македонија“.