Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Удрен пешак во Куманово, со тешки повреди пренесен на клиника

Вчера, во 20.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од бул.„Октомвриска револуција“ и ул.„Моша Пијаде“ во Куманово, патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(30) од Куманово, удрило во пешакот С.Ј.(55) од Куманово, извести МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Можеби ќе ве интересира

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали официјално го отвори 11-тиот ЕУСАИР Форум во Скопје

ДЕСК

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: УХМР со вонредни најави за времето

ДЕСК

(фото) Царинска управа: Златна плочка вредна 4,5 милиони денари пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица

ДЕСК