24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Грковска: Не му наложуваме, туку даваме иницијатива и предлог до обвинителството, да постапи согласно процедурата и законите

„Законот за рестриктивни мерки е надлежност на МНР и затоа официјален е предлагач е МНР. Меѓутоа ние имаме заклучок на влада дека итно заедно со овој закон треба да се предложат измени и во други законски решенија и тоа ќе го направиме во најбрз можен рок. Тоа и не е така комплицирано ако се знае што се сака точно да се постигне бидејќи се мали измените и очигледна е генералната определба на владата да се направат, тогаш сметам дека и предлог измените во другите законски решенија може по скратена и итна постапка може веднаш да се подготват и достават до собранието и овој собраниски состав да ги изгласа,“ рече вицепремиерката задолжена за политики на добро владеење, Славица Грковска во интервјуто за Топ Тема на ТВ Телма, во врска со законот за рестриктивни мерки и промените во други законски решенија.

Во однос на тоа каква ќе биде постапката и релацијата влада-обвинителство, вицепремиерката посочи дека дистинкцијата е јасна и владата не ја носи одлуката, туку ја усвојува листата, понатаму процедурата оди согласно законите.

„На таков начин ние го обврзуваме обвинителството веднаш без никакво одлагање да ја започне процедурата, имајќи предвид дека лицата и компаниите кои се на црните листи особено на САД се таму врз основа на сериозни докази собрани од македонските институции и кои што ќе бидат доставени до нашите власти, ја олеснува работата на обвинителството тоа што ќе ги добие сите докази и најмногу во рок од 6 месеци да даде предлог до судот и тој во една ефикасна процедура да постапи. Ние даваме иницијатива и предог, како што и сега секој граѓанин може да даде предлог, не му наложуваме ние на обвинителството, велиме тоа се документите, таа е листата, ви ги даваме во надлежност за постапување,“појасни Грковска.