Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тошковски во посета на отсекот за персонализација на лични документи

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денешниот работен ден го започна со посета на Отсекот за персонализација на лични документи во рамките на Оддел за информатика и телекомуникации на МВР каде се изработуваат личните документи.

Од страна на раководството и вработените во оваа организациска единица беше запознаен со комплетниот процес на изработка на личните документи и се разговараше за преземање на определени мерки и активности насочени кон подобрување на овој процес и зголемување на капацитетот на изработка и испорака на документите.

Министерот Тошковски изразува благодарност кон овие луѓе кои и покрај тоа што секојдневно се соочуваат со разни проблеми, навистина вложуваат максимални напори за овој процес да тече непрекинато и со максимален капацитет, соопшти МВР.

Можеби ќе ве интересира

ВИКЕНД СО СОНЦЕ И УТРА ДО −3 °C – Од понеделник услови за слаб локален дожд

ДЕСК

Дафина Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски е човек кој не верува на институциите

ДЕСК

БРИСЕЛ БАРА ВИДЛИВИ РЕЗУЛТАТИ – Рокас го предаде извештајот на ЕК и предупреди на слабостите во борбата против корупцијата

ДЕСК