24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Чупеска за ЦИВИЛ МЕДИА: Стратегијата за интеркултурализам придонесува за интеграција на сите културни групи во земјава

Проф. д-р Ана Чупеска во интервјуто за ЦИВИЛ МЕДИА зборува за Стратегијата за интеркултурализам и општествена кохезија изразувајќи задоволство за начинот на подготовка, во чиј процес, учествуваше како дел од експертската заедница.

„Јас сум задоволна и од првиот и од вториот турнус на изработка на Стратегијата. Се разбира, може и подобро, но тие се во ваков формат затоа што еден од принципите во изработка на Стратегијата беше да не се занесуваме со преамбициозни цели кои никогаш нема да бидат реализирани, туку подобро да се прават мали, но долгорочно ефективни чекори, изјави Чупеска.

Професорката додаде дека има простор за надополнувања, но е задоволна од начинот на кој е изработена и како се спроведува.

„Тоа е една многу благородна идеја. Во првиот турнус започна како стратегија „Едно општество за сите“, сега во вториот турнус се преименуваше во „Стратегија за интеркултурализам и општествена кохезија“. Иако предизвикана од разните кризи со кои во меѓувреме се соочи светот и државата, поентата е да се развие контакт помеѓу културите. Главната преокупација беше, не да се создаваат нови институции, туку во рамките на расположливите капацитети да се еманципираат инстанците кои што се директно врзани со овие прашања и да понудат посилен и подобар интеркултурен дијалог“, додаде таа.

Поентата на Стратегијата е да се развие контакт помеѓу културите, вели Чупеска, но не на ниво на иституција туку во рамките на расположливите капацитети да се еманципираат инстанците за посилен и подобар интеркултурен дијалог.

„Ние го имаме како норма Охридскиот рамковен договор, тоа е дел од нашиот Устав. Тоа е на ниво на институција и норма, но она на што треба да се работи е да има малку посилна општествен кохезија помеѓу различните културни групи или една поголема интеграција, но интеграција без културна асимилација. Тоа значи високо валоризирање на различните култури, целосна културна автономија, во смисла со она што е гарантирано со уставниот поредок и поголем дијалог, поголема вклученост на сите, повисока сензибилизираност во целото општество за развојот на социјалната кохезија или интеграција на сите културни групи во земјава“, појасни Чупеска.

„Оваа коалиција на власт не се откажа од оваа Стратегија, иако во почетокот имаше отпор од определени политички фигури заради губење на евентуални етничко-корпоративни поенчиња што можат да ги добијат. Сега тоа не е случај“, истакна професорката.

Извор: Civilmedia.mk