11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска: Потпишавме договори со 11 градоначалници за капитални проекти во општините

„Вчера навистина имавме еден многу убав настан со 11 градоначалници во Северна Македонија со кој што потпишавме договори за капитални дотации во единиците за локалната самоуправа. Тоа е една ставка што е вметната во програмата на министерството за култура и во самиот буџет која што до пред три години изнесувала еден милион денари меѓутоа кога минатата година кога го распишавме тој конкурс кога ја видовме заинтересираноста на градоначалниците кој што се јавија на тој конкурс и кога видовме на крајот на годината какви проекти изработиле, таа ставка ја кренавме за уште десет милиони плус, со тенденција таа ставка секоја година да продолжи да расте“, изјави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на емисијата „Актуел“ на ТВ Тера.
Таа додаде дека тоа е единствениот начин како да се развива културата надвор од главниот град.

„Најпрво морам да кажам дека градоначалниците кој што беа присутни вчера а кој што минатата година беа корисници на оваа програма, покажаа навистина голема свест за тоа што значи да се инвестира во сопствената општина од областа на култура. И вчера, како и минатата година имаше изјави дека се работи за општини односно дел од општини кој што за прв пат добиваат капитална дотација од министерство за култура и како што изјави еден од градоначалниците дека ова е прв пат како ќе се гради дом на култура во самата општина мислам дека беше ако не се лажам општина Чашка“, посочи Костадиновска-Стојчевска.
Таа заклучи дека оваа капитална дотација, има за цел токму тоа да ја развие културата на локално ниво во однос на инвестирање во објекти од култура да не падне тоа само на министерството за култура.

Спонзорирано: