20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска: Киното „Партизан“ во Битола ќе биде мултифункционален простор кој ќе се користи и од театарот и како галериски простор

-„Партизан“ до сега односно се уште е во владение на театарот Народен театар Битола и до сега театарот го користат како помошни простории и всушност од таму потекна идејата во еден неврзан разговор со директорот на Народен театар Битола, кој рече „ Те молам дојди да го видиш ‘Партизан’ колку е зачуван“. „Партизан“ е доста зачуван објект во внатрешноста. И за тоа направивме еден проект минатата година,изјави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на емисијата „Актуел“ на ТВ Тера.

Таа додаде дека заедно со кино „Партизан“ е направен проект за целосна реконструкција на објектот на Центар за култура и театар Битола.

„Во кино ‘Партизан’ првата замисла беше дали тоа да се користи повторно како еден вид на мала сцена на Народен театар за на крајот да дојдеме до еден многу револуционерно модерно решение кој што повторно би било еден мултифункционален простор кој што и театар Битола ќе може да го користи како помала сцена, конечно ќе осовремениме еден галериски простор за тоа што во Биотла освен „Магазата“и музејот немаме соодветен галериски простор“, посочи Костадиновска-Стојчевска.

Таа заклучи дека во овој објект ќе има и галериски простор, повторно ќе имаме се она што му е потребно на еден театар, од гримиорни од сценска техника, ќе има и помошен простор за персонал кој што би требало таму да остане итаканатаму, и малку го олеснивме од тој момент за само да биде театар туку повторно ќе може да се користи за мали концерти за поинтимни концерти.

Спонзорирано: