Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Калеска Ванчева: Идејата за Европска Македонија која ја предводи СДСМ и коалицијата ќе победи и ќе прави влада

„Секогаш сме имале јасна визија и сме велеле дека од нас зависи дали ќе ја завршиме нашата домашна задача и дали ќе ја реализираме нашата визија уште од 1991 година. Идејата за Европска Македонија која ја предводи СДСМ и коалицијата ќе победи и ќе прави влада,“ порача пратеничката Снежана Калеска Ванчева од СДСМ, во емисијата „24 Анализа“ на ТВ24.

„Ние не отстапуваме од она што го направивме и она што го нудиме, затоа што тоа е реално за разлика од ВМРО-ДПМНЕ кои велат ќе видиме, ќе договориме нешто, нашата понуда е јасна. За францускиот предлог- европската рамка никој не вика дека е најидеална, тоа е компромис и тврдам дека го направивме заради доброто за сите граѓани, за најдоброто на државата, нешто што беше можно единствено така,“рече Калеска Ванчева.

Таа се осврна на предлозите од 2008 година кога тогашната власт која немајќи храброст, при други предлози како име за внатрешна употреба, но тогаш владата на Груевски се изјасни со НЕ и секоја наредна година имаше се полоши предлози.

Можеби ќе ве интересира

Каква храна јадеме? Ако и етикетата лаже, на што да веруваме: Нов аларм за храната што ја конзумираме

ДЕСК

ВЕТЕР ДО 60 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС: Се очекуваат најсилни удари во западните делови – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Пензионер нападнат во Аеродром

ДЕСК