Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Калеска Ванчева: СДСМ соработува со сите политички партии кои се за европска иднина на нашата држава

„Сосема очекувано и нормално е претседателот на СДСМ, Ковачевски да се среќава со лидери на други политички партии ако се има допирни точки. Ваквата средба не е и не претставува ништо невообичаено. Дали значи тоа заеднички листи и коалиции тоа беше кажано и претходно, сеуште е рано, течат разговори, преговори, тоа е одлука која ке ја донесе највисокиот орган на партијата,“ рече пратеничката Снежана Калеска Ванчева од СДСМ, во емисијата „24 Анализа“ на ТВ24, во врска со средбата Ковачевски –Таравари.

Калеска посочи дека СДСМ соработува со сите политички партии кои се за европска иднина на нашата држава.

Во однос на тоа дали некоја политичка партија има некоја фракција таа посочи дека тоа е работа на конкретната политичка партија. Како и дека СДСМ никогаш не се занимавал со состојбите внатре во друга партијата.

Можеби ќе ве интересира

Каква храна јадеме? Ако и етикетата лаже, на што да веруваме: Нов аларм за храната што ја конзумираме

ДЕСК

ВЕТЕР ДО 60 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС: Се очекуваат најсилни удари во западните делови – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Пензионер нападнат во Аеродром

ДЕСК