„Овие месец дена уште позасилен е наративот дека СДСМ е потчинет, дека ние сме кираџии во сопствената кука. Тоа е навистина толку небулозно и треба да сфатиме дека сме парламентарна демократија и мултиетничко општество и на избори народот кажува кој ке прави влада. Не е работата некој да биде потчинет, а некој надреден. Треба да сфатиме дека имаме заедничка одговорност и ако имаме коалициона влада, сите имаат одговорност,“рече пратеничката од СДСМ Калеска Ванчева во емисијата „24 Анализа“ на ТВ 24.
За претседателот Талат Џафери, посочи дека тој има свој придонес во функционирањето на собранието и тоа во навистина тежок период, во време на пандемија, во време на економска и енергетска криза кога многу работи требало да поминат на собрание, а од друга страна имаше и активна блокада од ВМРО -ДПМНЕ , но сепак и покрај тоа се собранието успеа да донесе клучни закони и мерки за граѓаните и општеството.


