Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Лукаревска: СДСМ е консолидирана партијата, со Шеќеринска, Петров, Битиќи, Богоев и многу сегашни и поранешни функционири ја подготвуваме програмата

„На сите душегрижници може да им порачам дека СДСМ е консолидирана партија и оние изјави дека има несогласувања меѓу поранешниот претседател Зоран Заев и актуелниот претсдател Димитар Ковачевски времето покажало дека не се точни, како и средбите и меѓусебната комуникација што ја имаат тие двајцата“ рече заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во отворената програма на ТВ21.

Таа додаде дека група на партиски професионалци кои во моментов или претходно имале функционерски позиции работат на победничката програма.

„Заедно со одредена група на партиски професионалци како што се Радмила Шеќеринска, Андреј Петров, Фатмир Битиќи, Стефан Богоев и многу имиња сме вклучени за подготовка на програмата. А го имаме и она стратешко тело, каде беа сите поранешни претседатели и генерални секретари“ рече Лукаревска.

Заменик-претседателката на СДСМ додаде дека во партиајта на никој ме ну се зема за зло доколку има различно мислење од лидерот на партијата.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК