Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Лукаревска: За нас е комплимент што и ВМРО-ДПМНЕ е за укинување на техничката влада, живееме слободно и владее демократијата

„Дури и ВМРО-ДПМНЕ кажа дека нема потреба да имаме техничка влада. За нас тоа е комплимент и доблезно е да се признае дека живееме во земја во која се живее слободно, владее демократијата и нема заокружување со црвени кругчиња по слики затоа што некој кажал спротивно мислење од она на тогашната режимска власт“ рече заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во отворената програма на ТВ21.

Таа додаде дека првиот услов за излегување од сегментот на техничката влада ќе го имаме на следните парламентарни избори, кога со новиот мандат кој ќе го обезбеди СДСМ и коалицијата ќе продолжат да се унапредуваат демократските вредности, да се развива државата и да се продолжи борбата за европската идеја.

„Пржинската влада беше резултат на режимското владеење, на злоупотреба на институциите за партиски цели, резултат на притисоци, на мешање во судство, обвинителство, лустрација. Таа влада беше за да се искорени тоа од општеството, да може да функционираат слободно институциите и да нема злоупотреба за партиски цели“ рече Лукаревска.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЛ МАЛОЛЕТНИК ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, СПОРЕД ПРИЈАВАТА – Полицијата приведе 45-годишен маж

ДЕСК

12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПРИЈАВЕНО ЗА ИСЧЕЗНАТО, ПА СЕ ВРАТИЛО ДОМА – Мајката тврди дека малолетник против нејзина волја ја заклучил во автомобил

ДЕСК

ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА И Ѝ НАНЕЛ ПОВРЕДИ, СПОРЕД ПОЛИЦИЈАТА – Кривична пријава против 42-годишник од Гостивар

ДЕСК