Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Маж тешко повреден во сообраќајна несреќа на патот Гостивар – Градец

Вчера, во 16.52 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар – с.Градец се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мицубиши“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.Н.(44) од с.Врапчиште, гостиварско и патничко моторно возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.С.(63) од с.Топлица, гостиварско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот А.С., констатирани во болницата во Гостивар, извести МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициска станица Гостивар.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Студентите ќе добијат поширок пакет привилегии, попустите ќе достигнуваат и до 50 проценти

ДЕСК

Филипче до Мицкоски: Да не излезе одговорот за Алта банка во Sky преписките?

ДЕСК

Стојкова Серафимовска: Младите и младинскиот стандард во фокусот на политиките на ВМРО-ДПМНЕ, за тоа сведочат и трите нови мерки

ДЕСК