Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Јован Митревски избран за нов претседател на Собранието: „Останувам отворен за соработка со сите пратенички групи се додека работат во интерес на граѓаните“

Со 64 гласа „За“ од присутни 104 пратеници, Јован Митревски беше избран за нов претседател на Собранието.

Одлуката беше поздравена со гласен аплауз од собраниските избраници.

Митревски пред пратениците даде свечена изјава а подоцна ја презеде и новата собраниска функција.

Во својот говор тој му се заблагодари на досегашниот собраниски спикер Талат Џафери за обезбедување на како што рече, функционално собрание во тешки прилики.

„Изборот на функцијата е уште поголема и со посилен интензитет ќе продолжам да работам во интерес на граѓаните и на државата. Останувам отворен за соработка со сите пратенички групи се додека гледам, мислам и чуствувам дека тоа што се прави од спротивната страна е во интерес на граѓаните и на државата“, порача Митревски.

На неговиот избор му претходеше образложението од страна на неговиот сопартиец Мартин Костовски но и изјавата на Никола Мицевски, кој како координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ порача дека Митревски ќе ја нема поддршката од неговата партија.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

ДЕСК

Родителите работат, децата ги расте телефонот: Дали го губиме семејството?

ДЕСК

НЕВРЕМЕ И ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА ВО НАЈАВА: Детална четиридневна прогноза

ДЕСК