Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Македонскиот амбасадор во Шпанија, Едмонд Адеми на меѓународниот саем за туризам FITUR2024 во Мадрид

Македонскиот амбасадор во Шпанија, Едмонд Адеми на меѓународниот саем за туризам FITUR2024 во Мадрид.

-Денес во Мадрид започна меѓународниот саем за туризам #FITUR2024. На саемот присутни се шест туристички оператори од Република Северна Македонија, претставници од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и ТАВ Македонија.

Предвидени голем број средби и можности за соработка. Македонскиот туризам е во раст поради сѐ подобрата понуда за која дознава целиот свет.

#FITUR2024 е во првите три по значај светски саеми од областа на туризмот и делува како глобален барометар кој ги открива најновите трендови и промени во туристичката индустрија ширум светот. Разновидноста на учесници од целиот свет го прави ФИТУР сеопфатен приказ за иновации и дестинации во развој, напиша Адеми на Фејсбук.

Можеби ќе ве интересира

ВЕЧЕРВА ПАДНА ГОЛЕМО АПСЕЊЕ: Познат директор фатен со 50.000 евра мито

ДЕСК

Стрелките на часовникот одат еден час нанапред – Подгответе се за летно сметање на времето

ДЕСК

Синоптичарите објавија 4 дневна прогноза – Каков продолжен викенд да очекуваме?

ДЕСК