Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Спасовски: Преку законот за рестриктивни мерки за црните листи го почитуваме и вреднуваме стратешкото партнерство со САД и заедничката посветеност во борбата против корупцијата и криминалот

На денешниот панел „Северна Македонија – Безбедна членка на НАТО со европска иднина“ во рамките на конференцијата „Година на европски можности“ министерот за внатрешни работи запрашан за донесување на законот за рестриктивни мерки за имплементација на црните листи во САД и Обединетото кралство во нашето законодавство потенцираше дека преку тие измени се вреднува взаемната посветеност на стратешките партнери во борбата со криминалот и корупцијата.

„Кога зборуваме дека сме стратешки партнер со некого, вие мора да бидете стратешки партнер во се. Не да бидете стратешки партнер кога ќе ви се помогне, кога ќе имате потреба од поддршка за процесите а кога ќе треба да бидеме заедно во процеси кои таа држава ги води ние да се повлекуваме. Нема мој друг од македонското општество да прати посилна порака во преземањето чекори против корупцијата и борбата со криминалот од нас. Мораме да покажеме со јасна политичка волја со донесување на тие законски измени и интервенции во закони дека го почитуваме искрено стратешкото партнерство со САД и взаемната посветеност во борбата со криминалот и корупцијата.“, потенцираше министерот Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

Битиќи: Граѓаните ќе платат над 60 милиони евра само за камати од новото задолжување на Владата

ДЕСК

Николоски на средба со вицепремиерот на Хрватска Олег Бутковиќ, суштински разговори за развој на коридорите и поддршка за решавање на проблемот на превозниците

ДЕСК

(фото) Мицкоски го пречека хрватскиот премиер Пленковиќ во Охрид

ДЕСК