Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Ацевски: Возачите да бидат одговорни, возењето во зимски услови не е авантура

Директорот на Јавното претпријатие Македонија пат Костадин Ацевски во интервју за Студио на Слободен печат апелираше до сите возачи да се однесуваат одговрно на патиштата во зимски услови.

„Ние сите мора да сфатиме дека возењето во зимски услови не е авантура туку бара голема одговорност, претпазливост, големо почитување на пропишаните законски норми за користење на зимски гуми, користење на зимска опрема истата да не биде само за покажување пред полиција, туку кога ќе ни затреба во даден момент да се употреби. Треба да се почитуваат сите забрани за движење, посебно на специјални товарни возила, но за жал имаме многу несовесни возачи. Ние соработуваме со МВР, нашата ингеренција е во делот на давањето на забрани на движење на одредени категории возила на одредени патни правци а нивната надлежност е во делот на спроведување на тие забрани. Но за жал има многу несовесни возачи кои не ги почитуваат забраните, кои успеваат некако да се протнат и да направат проблеми. Изминатиов викенд имавме случај и покрај забраните на превојот Стража, да поминат голем број тешки товарни возила кои за среќа и со наша навремена интервенција не предизвикаа некоја пречка во сообраќајот“ посочи Ацевски.

Ацевски објасни дека работата на Македонија пат е комплескна и дека зимското одржување на патиштата е само еден сегмент од нејзината работа.

„Самото одржување на патиштата, редовното, инвестиционото и зимско одржување на патиштата е многу комплексна тема и работењето на Македонија пат за одржување на регионални и магистрални патишта е една навистина комплескна задача и од аспект на целото функционирање и од апсект на условите во кои претпријатието работи долги години наназад и од аспект на недостаток на човечки ресурси, технички ресурси материјални средства и од аспект на сложеноста на задачите што ги извршува и од аспект на територијата и патната мрежа што ја покрива и која се зголемува. Но за жал тие теми не се отвораат или се отвораат мнгу ретко на научни стручни дебати“ порача Ацевски..

Можеби ќе ве интересира

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК

Четврток носи најголема опасност: Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град

ДЕСК

Од Стајковци до болница: Напад со тврд предмет прераснал во пресметка меѓу две групи

ДЕСК