Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Биљали за Студио на Слободен печат: Потребен е вистински мерит систем во државните институции

Во интервју во Студиото на Слободен печат, политичкиот аналитичар Мерсел Биљали коментирајќи ги случувањата во М-Нав истакна дека во такви важни, витални институции потребен е сериозен пристап во вработувањето, но и во напредувањето во хиреархијата.

Биљали посочи дека потребен е вистински мерит систем за вакви случувања повеќе да не се посвотруваат.

„За да имате мерит систем ви треба закон со кој не само административната структура и структурата која е на власт да одлучува кој ќе биде примен на работа, мора да имате друга структура, дури и сегмент од опозицијата, јавноста па дури и медиумите кои ќе одлучуваат, по што се прават и тестирања и се одбираат најдобрите кандидати“ истакна тој.

Биљали посочи примери од други држави, каде што таквиот систем фунлционира.

„Добар пример за тоа како функционира тој мерит систем е Швајцарија, каде никој не може да ти помогне ако не ги минеш тестовите, без разлика дали си брат на министер и пратеник. Таму со учење со посветена напорна работа може да се стане важен човек во општеството, за разлика од овде“ заклучи Биљали.

Можеби ќе ве интересира

Од утре стартува „Безбеден град“, МВР апелира да се почитуваат сообраќајните правила

ДЕСК

Мицкоски: Пуштена е во употреба реконструираната тетовска гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, продолжуваме да вложуваме во образованието

ДЕСК

Најстудено утрово било на Попова Шапка каде се измерени -5 целзиусови степени

ДЕСК